Јанукович на иста маса со лидерите на опозицијата

Украинскиот претседател, Виктор Јанукович, денеска повторно се сретнал со лидерите на трите опозициски партии со цел да се најде решение на кризата во земјата.

На состанокот, кој што не бил најавен, присуствувале советниците на Јанукович, како и лидерот на партијата УДАР, Виталиј Кличко, лидерот на Татковина, Арсениуј Јаценјук и лидерот на националистичката Слобода, Олег Тјангибок.

Во исто време, во Брисел е објавено дека високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, утре ќе дојде во посета на Украина.

Ештон во соопштението навела дека е исклучително загрижена поради ситуацијата во Украина.