Јанукович: Политичките амбиции на опозицијата ја продлабочуваат кризата

Украинскиот претседател Виктор Јанукович ја обвини украинската опозиција дека продолжува да ја продлабочува кризата во Украина поради политичките амбиции на некои од нејзините лидери, пренесе Франс прес.

Шефот на државата, сепак, призна дека дозволил и грешки, но додал дека и властите можат да грешат.

„Сите обврски кои владеачите ги презедоа при преговорите со опозицијата се исполнети“, истакнал Јанукович.

Претседателот увери дека ќе направи се’ поради мирот, спокојството и нормалниот живот во земјата.