Свет

Јанукович сакал насилно да ги задуши протестите во Украина

Јанукович сакал насилно да ги задуши протестите во Украина

Пред отстранувањето од власт украинскиот претседател Виктор Јанукович планирал да испрати илјадници полицајци и војници за задушување на протестите во Украина, пренесоа локалните медиуми повикувајќи се на документи што беа објавени доцна синоќа.

Украинските медиуми успеаа да дојдат до илјадници документи кои се откриени во резиденцијата на Виктор Јанукович, во околината на украинската престолнина Киев. Дел од нив се појавија веќе на интернет.