Јанукович се пожали пред Европскиот суд за човековите права

Поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович и неговите два сина упатија петиција до Европскиот суд за човекови права, барајќи укинување на санкциите кои им ги наметна Европската Унија.

Во петицијата на Јанукович му се придружи и украинскиот бизнисмен Сергеј Крученко, кој исто така се наоѓа на црната листа.

Тие бараат Европската Унија да ја укине резолуцијата од 5 март и 15 април со која им се забранува влез во земјите на Унијара и им е замрзнат имотот.