Јанукович: Ултранационалисти ќе започнат граѓанска војна во Украина

Виктор Јанукович изјавил дека „банда ултранационалисти“ во Украина, која дејствува во име на „законската власт“, планира да започне граѓанска војна, јави „Интерфакс“.

„Замислете, тие сакаат да ја користат армијата, за да започнат граѓанска војна. Сакаат да се вклучат во нејзините редови, борци од националистички организации и да им дадат оружје“, рекол Јанукович пред новинарите во рускиот град Ростов на Дон.