Јанукович најави предвремени избори

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович најави предвремени избори, уставни реформи и формирање на нова влада на национално единство во краток рок, пренесува Ројтерс.

Уставните реформи подразбираат дека ќе се намалат овластувањата на претседателот на пониско ниво од 2004 година.

Украинските власти претходно наведоа дека е постигнат договор по ноќешните преговори со претставници на опозицијата, Европската Унија и Русија, но министрите ЕУ велат дека преговорите продолжуваат.

„Објавувам кои чекори се неопходно да се спроведат за повторно да се воспостави мир и избегнат нови жртви. Објавувам дека сум за предвремени претседателски избори и враќање на Уставот од 2004 со кој што овластувањата  се прераспоредуваат во корист на парламентарната република“, навел претседателот Јанукович во соопштението.

Во соопштението на интернет страницата на претседателот по повеќе од осум часа преговори не биле наведени никакви детаљи за договорот, но потпишување беше најавено за 11 часот.

Како што се наведува во соопштението објавено на веб сајтот на претседателот на Украина, Јанукович повикал на формирање на влада на национално единство.

„Во овие трагични денови, кога Украина претрпе такви тешки загуби, кога загинаа луѓе од двете страни на барикадите, сметам за своја обврска да кажам дека нема ништо поважно од човечкиот живот. И нема такви чекори кои не би смееле сите заедно да ги преземе за да се воспостави мир во Украина“, се наведува во соопштението.

„Како претседател на Украина и гаран на Уставот, го исполнувам денеска својот долг пред народот, пред Украина и пред Бог во име на зачувување на државата, животот на луѓето и мирот“, заклучува Јануковиќ.

Засега не се знае точниот став на опозицијата по ова прашање, а Би-Би-Си јавува дека не се сите партии согласни со ваквниот предлог договор. Истовремено, на Мајдан може да се чуе дека демонстрантите не го прифаќаат договорот, туку бараат „судење за Јанукович“.

Се претпоставува дека делови од опозицијата бараат итна оставка од претседателот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.