ТОП,Македонија

Јанушев: Картичките да не се фрлаат туку да се надополнуваат

Јанушев: Картичките да не се фрлаат туку да се надополнуваат

Директорот на ЈСП Скопје Игор Јанушев денеска на прес-конференција апелираше до граѓаните да не ги фрлаат неперсонализираните картички, туку да ги надополнуваат. Залиха на картички има и секојдневно се дистрибуираат по неколку пати во денот до сите продажни места.

Тој потсети дека системот за автоматска локација на возилата и за електронска наплата во ЈСП Скопје и во во автобусите на приватните превозници почна да се спроведува во август 2015 година. Од почетокот на 2016 година се пуштија првпат во употреба неперсонализираните картички.

Во 2016 се продадоа нешто повеќе од 33.020 неперсонализирани картички. Врз основа на оваа продажба, се направија претпоставките и анализите колку картички треба да имаме подготвено за во 2017, каде ги вклучивме и приватните превозници. За таа цел беа подготвени повеќе од 150.000 картички. Од нив 30 илјади се продадоа само во првите три дена од јануари, а до до крајот на првата недела од овој месец се продадоа 80 илјади картички. Заклучно со вчерашниот ден, имаме продадено околу 140.000 картички, рече Јанушев.