Јанушев: Мицкоски ќе го собори Заев!

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вели дека втори јуни е само почеток, ден кога ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија ќе и кажат на оваа ненародна и криминално-картелска власт што мислат за нејзиното едногодишно расипничко владеење.

Опозицијата има стратегија како да се спротивстави на катастрофата која што ја зафати Македонија оваа измината година. Нас како партија не очекува работно лето во кое што на граѓаните ќе им понудиме нов концепт и визија. Граѓаните се загрижени за својата иднина, ние ќе им покажеме дека државата има капацитет за да тргне во вистински правец, но само доколку ја води сериозна влада – влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а не „ЌЕ влада“, чиј што премиер и министри се фокусирани само за да ги остварат личните интереси – вели во интервју за Независен, Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.