Јанушев: СДСМ го користи референдумот за дефокусирање на јавноста од наместените тендери

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето гостување во вестите на Канал 5 истакна дека претстојниот референдум за промена на уставното име СДСМ го користи за манипулирање и дефокусирање на јавноста од бројните скандали кои ја следат актуелната власт во врска со наместени тендери и испумпани државни пари.

-Во однос на прашањето за референдумот она што е многу интересно е, начинот на кој што СДСМ секојдневно не прозива како партија да завземеме став, односно да се изјасниме или да го соопштиме истиот тој став пред граѓаните, притоа заборавајќи дека всушност главниот став односно оној кој што треба пред се да завземе став во однос на ова прашање се самите граѓани. И притоа на овој начин го користи за да ја дефокусира јавноста од секојдневните криминали и криминално владеење, наместените тендери и испумпаните пари од буџетот кои што се случуваат во оваа држава и кои што се всушност пари на граѓаните, вели Јанушев.

Во однос на ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот и прозивките од власта, Јанушев потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија која пред се делува во насока на заштита на македонските национални интереси. Тој напомена дека партијата сака да го слушне ставот и мислењето на народот околу референдумот и токму поради тоа изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ го користи за да ги консултира граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.