Јанушев: Власта сака да ја дефокусира јавноста од своите афери, со лажни теми за разрешувањата на потсекретарите

Лажната тема со разрешувањето на потсекретарите значи одбегнување од аферите на власта, станува збор за нормално кадровско реструктуирање на партискиот секретаријат по мерит системот, изјави во вторникот генералниот секретар опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето гостување во вестите на Канал 5 телевизија.

Посочи вели дека се прави дефокусирање од аферите на власта со лажни теми за разрешувањето на потсекретарите во партијата. Обасни дека дека станува збор за нормална појава и вреднување на трудот и дека дел од потсекретарите се распоредени на други позиции.

Јанушев вели дека секретаријатот, како тело кога било формирано пред повеќе од половина година со 60-ина луѓе коишто добиле конкретни насоки и задачи. При самото формирање на сите им било кажано дека периодот кој следи ќе биде тест период за сите нив, односно како ќе се позиционираат и како ќе ја извршуваат работата.

„Во таа насока извршување на задачите и насоките се потребни не повеќе од 20 луѓе, дел од луѓето се тргнати од секретаријатот дел од луѓето добиле поинакви насоки и задачи. Дел од оние кои што немаат добиено партиски задачи и насоки, во зависност од потребите на партијата ќе бидат ангажирани“, вели Јанушев.

Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла наводите дека во прашање политичките ставови и гледишта, туку дека се работи за еден нормален процес во една партија да се вреднува трудот.

Станува збор за процес во кој се вреднува трудот како што вели Јанушев да се применува мерит системот за евалуација на сработеното и исполнување на работните задачи.