Спорт

Јанузај доби покана да игра за Косово

Јанузај доби покана да игра за Косово

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Косово, Ерол Салиху, потврди дека пред неколку дена остварил контакт со родителите на малдиот крилен напаѓач на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај, со цел да ги информира дека 19-годишниот фудбалер може да игра за Косово на пријателскиот натпревар против селекцијата на Хаити.

„Веќе разговарав со неговата фамилија. Ако ја прифати нашата понуда, да игра против Хаити на 5 март, тоа ќе биде еден историски момент за репрезентацијата на Косово. Ќе бидеме пресреќни и ако одигра само 15 минути. Ова е само еден симболичен гест и не сакаме со евентуалниот настап да го принудиме Аднан и во иднина да го носи дресот на Косово. Станува збор за пријателски натпревар, Аднан може самиот да одлучи за која репрезентација ќе игра”, изјави Салиху.