Јанузај подготвен да учи од Хуан Мата

Младиот напаѓач на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај откри дека сака да биде запаметен како еден од најдобрите фудбалери кои некогаш играле на “Олд Трафорд” и додаде дека е пресреќен поради можната соработка со најскапата аквизиција во клупската историја на “црвените ѓаволи”, шпанскиот интернационалец, Хуан Мата.

“Можам да кажам дека сум задоволен од тоа што го постигнав во изминатата година. Работев напорно и добив шанса да играм за првиот тим на Манчестер Јунајтед. Одиграв неколку натпревари и знам дека повторно ќе добијам шанса да бидам дел од почетниот состав. Сакам да освојам што е можно повеќе трофеии во дресот на Манчестер Јунајтед и сакам да бидам еден од најдобрите фудбалери кои некогаш играле на “Олд Трафорд”. Мата? Фантастичен фудбалер, сигурно ќе научам нешто ново од шпанскиот интернационалец. Совршен кога е во прашање техниката, може да постиге погодок, а редовно им асистира на соиграчите. Сите сме среќни поради фактот дека Мата е дел од Манчестер Јунајтед”, изјави белгискиот интернационалец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.