Јапонец го држел синот во кафез над 20 години

Јапонската полиција уапсила татко обвинет дека својот син со интелектуални проблеми го држел во кафез повеќе од 20 години, пренесува во саботата агенцијата AFP повикувајќи се на полицијата и локалните медиуми.

Седумдесет и тригодишниот Јошитана Јамасаки е обвинет дека својот сега 42-годишне син го држел во кафез во својот дом во местото Санда, во префектурата Хјого, на западот од Јапонија.

Според локалните медиуми, Јамасаки синот го држел затворен во дрвен кафез со височина од еден метар и широчина од 1,8 метри. Потврдил дека синот го држел во кафезот, бидејќи имал „ментални проблеми“. Синот, како што тврди го хранел и повремено го перел и бањал.

Состојбата на жртвата е стабилна, меѓутоа има проблеми со грбот. Доверен ѝ е на установа за грижа на лица со ментална заостанатост.