Свет

Јапонец крадел пари и накит за да купува свежи риби за 120 мачки

Јапонец крадел пари и накит за да купува свежи риби за 120 мачки

Еден Јапонец е уапсен откако полицијата утврдила дека тој крадел пари и накит за да купува храна за 120-те мачки за кои тој се грижел.

Јапонската полиција соопшти дека невработениот, 48-годишен Мамор Демиз е осомничен дека провалил во неколку куќи од каде украл пари и накит во вредност од 19 милиони јени или 134.000 евра.

Демиз на полицијата и кажал дека крадел за да може да плати храна за мачките и дека дневно му требале по 175 евра.

Тој живеел сам со една мачка, но дека чувал уште 20 во магацин во близина на неговиот дом, а хранел уште 100 улични мачки.

Од полицијата велат дека тој не им давал конзерви, туку свежи риби и пилешко месо.