Јапонија: Дрон со радиоактивен материјал слетал на покривот од кабинетот на премиерот

Беспилотно летало, на кое се наоѓала ознака за радиоактивен материјал, денеска слетало на покривот од кабинетот на јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

По извршените проверки полицијата утврдила присуство на многу мало количество на радијација, која не е штетна за здравјето на луѓето.

Единица за демонтирање на бомби била повикана да го отстрани дронот, на кој се наоѓала малечка камера и шише со вода.

Јапонскиот премиер денеска престојува во посета на Индонезија, каде присуствува на самитот на Азија и Африка.