Јапонија двапати го избриша водството на Сенегал

Во средбата од второ коло од Групата Х на Светското првенство во неделата во Екатеринбург фудбалерите на Јапонија и Сенегал одигра 2:2 (1:1) во возбудлив меч во кој африканската селекција двапати беше во водство, но Јапонците покажаа карактер и на крајот покрај ремито имаа шанса да дојдат и до другите два бода.

Сенегал поведе во 11 минута благодарејќи на грешките на јапонската одбрана. По нафрлувањето од десната страна прво згреши Хироки Сакаи, чиј обид да исчисти со глва беше лош, а пота лошо интервенираше и голманот Кавашима, па Садио Мане од близина ја турна топката во противничката мрежа. По примениот гол Јапонците заиграа подобро и заслужено израмнија во 34 минута. Долгата топка во сенегалскиот шеснаесетник одлично ја смири Нагатомо, а Такаши Инуи од 13 метри откосо одлично пласираше за 1:1. До крајот на првото полувреме имаше само уште една шанса, и тоа за Сенегал кога Баду Н’диаје во 39 минута одлично додаде за Нианг во казнетиот простор, но неговиот удар го одбрани Кавашима.

Во вториот дел Јапонија започна подобро и прва дојде до шанса во 60 минута кога Шибасаки одлично нафрли на петерецот за Осака, кој беше победоносниот гол против Колумбија, но сега иако непопречуван од никого не ја погоди топката. Стрелецот на израмнувачкиот гол Инуи во 64 минута повторно се обиде да пласира, но неговиот удар од 15 метри откосо заврши во стативата. Нереализираните шанси им се одмаздија на Јапонците во 71 минута, Сабали нафрли по земја на втората статива, а Миуса Вагуе заби за водство на Сенегал од 2:1. Меѓутоа, тоа не ги расколеба Јапонците и веќе во 75 минута преку Осака создадоа шанса за израмнување, а три минути подоцна и успеаја во намерите кога 32-годишниот Кеисуке Хонда, кој во игра влезе во 72 минута го искористи излетувањето во празно на сенегалскиот голман и повратната топка на Инуи од корнер линија која ја смести во мрежата, постигнувајќи го 39-от гол во репрезентативниот дрес.

Јапонија и Сенегал сега имаат по четири бодови и идентична гол разлика 4:3, додека Полска и Колумбија вечерва играат за првите бодови,