Јапонија: Две министерки поднесоа оставки поради обвинение за злоупотреба

Две министерки од вкупно пет во кабинетот на премиерот на Јапонија, Шино Абе поднесоа оставки поради обвинение дека ги злоупотребиле политичките фондови.

Со тие оставки на министерките, како што оценува агенцијата АФП, би се загрозиле напорите на премиерот да се зголеми рејтингот на Јапонија, кога е во прашање застапеноста на жените во политиката.

Агенцијата Ројтерс оценува дека со тоа се загрозуваат плановите на владата повторно да се покренат нуклеарните реактори, како и да се воведе зголемување на данокот на промет.