Јапонија го отпушти селекторот Нишино

Јапонската фудбалска федерација одлучи да не го продолжи договорот со Акира Нишино, кој ја донесе Јапонија до осминафиналето на Светското првенство во Русија, каде што беа поразени со 3:2 со Белгијците, иако водеа со 2:0.

Во групата „Х“ Јапонците беа подобри од Колумбија со 2:1, потоа ремизира со Сенегал 2:2, и загубија од Полска 1:0. Иако Африканците имаа ист број на бодови и гол разлика, Јапонија продолчи во нокаут фазата поради помалиот број на жолти картони.
Во осминафиналниот натпревар Јапонцте до самиот финиш на мечот имаа фантастичен резултат и шанса за пласман меѓу најдобрите осум, но Белгијците во последните 20 минути направија целосен пресврт.

На тој начин Белгија стана прва репрезентација на Светските првенства која во нокаут фазата успеала да победи по резултат 0:2, по Западна Германија на Мундијалот во Мексико во 1970 година.
Јапонците на Светското првенство во 2002 и 2010 година испаднаа уште во групната фаза на турнирите.

Според јапонските медиуми, Фудбалскиот сојуз сака репрезентацијата да ја води некое звучно името, а се шпекулира дека сметаат ма поранешниот селектор на Германија и на САД, Јирген Клинсман.
Нишино ја презеде клупата на Јапонија во април, откако Сојузот му даде изненадувачки отказ на Босанецот Вахид Халилхоџиќ, кој успешно ја водеше Јапонија во квалификациите, но загуби неколку подготвителни натпревари.