Јапонија го усвои контроверзниот антитерористички закон .

Јапонскиот парламент го усвои во четвртокот контроверзниот предлог закон кој ќе овозможи казнување подготвување терористички напад и други тешки кривични дела, а кој предизвика контроверзии и противења во јавноста која стравува дека со него ќе бидат ограничени граѓанските слободи.

За предлог законот, со кој се предвидува казна затвор до пет години за вмешаноста во подготување терористички напад или тешки кривични дела од одрганизраниот криминал, гласале 165, а против биле 70 од присутните 235 пратеници.

Со новиот антитерористички закон се опфатени 277 кривични дела.

Додека владата на премиерот Шинзо Абе тврди дека овој закон поради подобрување на безбедноста ред одржувањето на Олимписките игри во 2020 година, противниците велат дека тој ќе ги ослабе граѓанските слободи, како и дела ќе може да се злоупотребува за надгледување на невините граѓани.

Адвокати, новинари, здруженија за граѓански права остори се спротиставија на усвојувањето на овој закон, истакнувајќи дека тој би можел да доведе до зајакнувањето на надзорот и ќе ги загрозува граѓанските права и слободи.

Стотици луѓе протестираа против овој закон ноќта кон четвртокот пред зградата на јапонскиот парламент извикуваји дека „предлог законот е неуставен“ и барајќи заминување од должноста на премиерот Абе.

Законот го критикуваше и Џозеф Канатачи, специјалниот известувач на ОН за правата на приватност, кој смета дека законот би можел да доведе до претерано ограничување на приватноста и слободата на изразувањата поради неговата потенцијална широка примена