Јапонија и Јордан заедно во борба против ИД

Јапонија и понатаму ќе соработува со Јордан за ослободување на јапонскиот новинар и јорданскиот пилот, кои заедно се заробени од страна на џихадистите на ИД. Ова го соопштија властите во двете држави неколку дена по погубувањето на јапонскиот заложник.

Џихадистите го обезглавија јапонскиот заложник, претприемачот Харун Јукава минатата недела откако истече дадениот рок од 72 часа за исплаќање на 200 милиони долари.

-Двете земји тесно соработуваат за враќање на двајцата заложници од нивните земји. Исто така и ослободувањето на јорданскиот пилот е прашање за Јапонија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Јапонија Јасухиде Накајаме во Аман, пренесе AFP.

Во соопштението јапонското министерство наведува дека јорданскиот крал Абдула ветил целосна соработка со Јапонија за да се осигура ослободувањето на 47 – годишниот новинар Кензо Гота.

Но, јапонските медиуми известуваат дека во Аман најверојатно приоритет е ослободувањето на нивниот пилот.

AFP наведува дека Јапонија најверојатно ќе се соочи со отпор од Вашингтон околу било каков вид размена со цел ослободување на заложниците.

Прашана за неодамнешните случувања, портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки одговорила дека размената на заробеници е „во иста категорија како и плаќањето откупнина“.

фото: BETA