Јапонија и Кина ќе расправаат за безбедноста првпат по четири години

Јапонски и кинески претставници ќе разговараат за првпат во четири години за прашања од безбедноста во Токио подоцна овој месец, објави МИА,

Средбата за безбедност ќе се одржи на 19 март и на неа ќе учествуваат високи претставници од министерствата за надворешни работи и одбрана на двете земји, се наведува во соопштението на јапонското министерство.

Последна слична средба од ваков тип беше во јануари 2011 година во Пекинг. Тоа е уште еден знак за можноста за подобрување на билатералните односи, кои се тензични поради територијалниот спор за група острови во Источното Кинеско Море