Јапонија изврши смртна казна над двајца затвореници

Јапонија во четвртокот изврши смртна казна со бесење над двајца затвореници, што е првата егзекуција од ноември 2016 година, објави тамошната влада.

Министерството за правда објави дека 61-годишниот Масакацу Нишикава и 34-годишниот Коичи Сумида се обесени во градовите Осака и Хирошима.

Никишава е осуден на смрт поради убиствата на четири жени кои воделе еден бар во западна Јапонија во 199 година. Нему Врховниот суд му ја потврди казната во 2005 година.

Сумида, пак, е осуден за силувања и убиства на колеги во градот Окајама во 2011 година. Нему смртната казна конечно му беше потврдена истата година.

Со овие два погубувања кои се изведе во текот на владеењето на владата на премиерот Шинзо Абе се зголеми на 19.

Јапонија и САД се меѓу самите неколкуте индустријализирани земји кои сѐ уште имаат во правосудниот систем смртна казна.

Минатата 2016 година Јапонската федерација на адвокатски комори објави декларација со којашто се повикува на укинување на смртната казна и воведување казна доживотен затвор до 2020 година, кога земјата ќе биде домаќин на конгресот на Обединетите нации посветен на казнената превенција и казненото правосудство.