Јапонија ќе подарува пари за да ја зголеми потрошувачката

Следејќи го примерот на Финска, Канада и Холандија, јапонската влада ја разгледува можноста да дава парични ваучери на младите луѓе, пишува „Раша Тудеј“ повикувајќи се на Шангај Дејли.

Токио планира да дава подароци за сиромашните млади луѓе, а целта е да се зголеми потрошувачката кај младите лица.

Ваучерите се смета дека ќе бидат поефективни од паричниот надоместок, а лицата ќе може да ги користат за нивните дневни потреби.

Потрошувачката кај младите луѓе е клуч на економскиот раст, според јапонската власт. Неодамнешните истражувања покажуваат дека лицата под 34 години за 11, 7 отсто ја намалиле потрошувачката минатата година.

Јапонија не е единствената земја што размислува за воведување на овој систем. Минатат година во ноември финска институција за општествено осигурување предложи да се даде приход од 800 евра ослободен од данок. Во неколку градови во Холандија луѓето ќе добиваат дополнителни 1.100 евра.

Во февруари властите во Онтарио во Канада најавија дека разгледуваат ваква можност, а Швајцарија планира да одржи референдум по ова прашање годинава.

Овој систем првично беше предложен и на кратко применет во САД и Канада. Идејата стана пополурана во изминатите години и се смета дека може да ја намали нееднаквоста во богатството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.