Јапонија ќе гради лифтови со тоалети

Јапонските производители на лифтови имаат план да инсталираат подвижни тоалети, вода за пиење и залихи, во случај некој да се заглави во лифтот, особено поради се почестите земјотреси.

“Ја разгледуваме оваа опција како би ја зголемиле безбедноста во случај на евентуална опасност по луѓето во лифтовите”, изјави за Франс Прес преставникот од Здружението на јапонски произведувачи на лифтови, Такеши Мијата.

Според неговите зборови, во зградите веќе постојат специфични производи во случај на несреќа и земјотреси. Токму такви би биле и подвижните тоалети кои Јапонците би ги користеле во случај на принудно напуштање на своите домови.

Во Јапонија постојат околу 700.000 лифтови, од кои 150.000 се во Токио.

За време на последниот земјотрес, кој се случи во саботата, во Јапонија беа блокирани околу 19.000 лифтови.