Јапонија конечно го забрани поседувањето детска порнографија

Јапонија конечно го забрани поседувањето на детската порнографија.

Горниот дом на јапонскиот Парламент денеска изгласа закон, со кој се забранува поседување на недолични фотографии и снимки со деца под 18 години, но со законот не се опфатени и комичните јапонски стрипови (манга) и анимациите.

Новиот закон предвидува дека оној „кој поседува детска порнографија со цел задоволување на сопствените сексуални желби“ ќе се соочи со казна затвор од една година или парична казна од 9.800 долари.

Јапонија беше единствена членка на Групата седум најравиени земји (Г7), во која поседувањето детска порнографија беше легално, што е забрането и казниво во повеќе од 70 држави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.