Jапонија одбележа 72 години од нуклеарниот напад врз Хирошима

Зборувајќи на церемонија во Мировниот меморијален парк Хирошима, премиерот на Јапонија Шинзо Абе рече дека Јапонија се залага за свет без нуклеарно оружје на начин на кој сите држави може да постигнат согласност за тоа.

„За да имаме свет без нуклеарно оружје, потребно е учество како на држави кои имаат нуклеарно оружје така и на држави кои го немаат, рече Абе. Јапонија според него, „ќе ги охрабри и едните и другите“.

На 6 август 1945 година американскиот бомбардер наречен „Enola Gay“ фрли бомба врз градот усмртувајќи директно 140.000 луѓе, а три дена подоцна иста бомба во Нагасаки одзема 70.000 животи. САД никогаш не се извинија за тие напади. Повеќето Американци сметаат дека бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки било оправдано за да се заврши војната и да се спасат американски животи. Големо мнозинство Јапонци, пак, сметаат дека бомбардирањето воопшто не било оправдано.

По Хирошима, на 9 август САД ја фрлија и втората атомска бомба врз Нагасаки, каде загинаа повеќе од 70 илјади луѓе. Тие напади ги забрзаа капитулацијата на Јапонија и вистинскиот крај на Втората светска војна на 15-ти август 1945 година.

Јапонија во 2007 година поднесе резолуција во Обединетите нации со која повикува на целосно укинување на нуклеарното оружје. Оваа резолуција ја поддржаа повеќето земји –170, а САД се една од трите држави кои се противат.

Атомската бомба со сила од 13 килотони е исфрлена на 6 август од височина од 9.400 метра, а експлодирала на височина од околу 600 метри над градот. Само на денот на бомбардирањето во Хирошима, која тогаш имала 300 илјади жители, загинале 70 илјади луѓе. До крајот на 1945 година, бројот на жртвите достигнал 140 илјади. Сé што се нашло во радиус од половина километар од епицентарот било комплетно уништено.

Бомбата наречена „Малото момче“ е резултат на повеќегодишниот напор во рамките на американскиот проект „Менхетн“ со цел да се произведе нуклеарно оружје. Армијата на САД ги собрала најистакнатите американски и дотогаш нацистички германски физичари и математичари за да го забрзаат производство на атомско оружје. Првпат во историјата, по наредба на тогашниот американски претседател ХариТруман, нуклеарното оружје е употребено во војна.

И на крајот, по игра на судбината, последниот член на екипажот од „Енола геј“, Теодор ван Кирк, кој почина на 93-годишна возраст беше погребан токму на 5-ти август.