Јапонија: Осум девојчиња избодени во аквапарк

Осум девојчиња се ранети со нож од страна на засега непознат сторител во аквапарк во Токио.

Сите повредени лица се девојчиња на возраст меѓу 19 и 21 години. Тие се хоспитализирани со лесни телесни повреди.

Во моментов нема податоци за извршителот, кој незабележено им ги нанел раните на девојките кои се капеле во базените.

Аквапаркот е меѓу најголемите во земјата и работи од 1970 година. Секој ден во него доаѓаат стотици посетители, а во деновите на викендот нивниот број значително се зголемува.