петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Јапонија: Осуммесечно бебе спасено откако шест часа било под урнатините (видео)

Осуммесечно бебе е спасено откако шест часа било под урнатините на куќата по големиот семјотрес во Јапонија. Куќата се наоѓа во Машики, местото што се верува дека е едно од најмногу погодените подрачја.

japonija-zemjosters

Поврзани вести

Осуммесечно бебе е спасено откако шест часа било под урнатините на куќата по големиот семјотрес во Јапонија. Куќата се наоѓа во Машики, местото што се верува дека е едно од најмногу погодените подрачја.

На видео снимката објавена од полицијата, се гледа како спасувачите го извлекуваат осуммесечното девојче во розева пиџама и го завиткуваат во ќебе. Бебето веднаш потоа со возило на Брза Помош било пренесено во болница.

Името на бебето не е објавено, но според првичните информации, тоа не е повредено.

Мајката, дедото, бабата и постариот брат на девојчето биле во дневната соба и кујната, а девојчето спиело во другата соба на првиот кат од куќата, кога земјотресот го потресол островот Кјушу.

Јапонските медиуми наведуваат дека во спасувањето на бебето учествувал тим од 50 спасители.

Според досегашните информации во земјотресот од 6, 5 степеи што ја погоди Јужна Јапонија девет лица загинаа, а 950 се повредени.

Најчитани вести