Јапонија погодена од тајфунот Неогури

Евакуирани околу 700 илјади луѓе поради тајфун

Тајфунот Неогури го погоди јапонскиот остров Окинава. Милион луѓе се евакуирани, училиштата се затворени, а летовите се откажани.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување од највисок степен.

– Постои опасност од силни ветрови и обилни дождови, затоа им се препорачува на граѓаните да се воздржат од престој на отворено. Тајфунот може да предизвика и бранови високи 14 метри, се наведува во предупредувањето од Јапонсаката метеоролошка агенција.

Тајфунот се движел со брзина од 25 километри на час со удари од 252 километри на час.

Во невремето засега е повредена само една жена, а еден рибар се води како исчезнат. Повеќе од 50.000 домаќинства се без електрична енергија, а прекината е работата на нафтената рафинерија.