сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Јапонија загрижена поради распоредувањето руски ракетни системи во Пацификот

Јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида денеска изјави дека неговата земја врачила протестна нота до Москва поради распоредувањето на руски ракетни системи на неколку острови во Тихиот Океан, кои Јапонија ги смета за своја територија.

јапонија

Japan's Foreign Minister Fumio Kishida speaks during an address of Japanese Foreign Policy in 2016 at the Japan Institute of International Affairs (JIIA) Forum in Tokyo, Tuesday, Jan. 19, 2016. (AP Photo/Shizuo Kambayashi)

Поврзани вести

Станува збор за Курилските Острови, за чии суверенитет Јапонија и Русија преговараат речиси 70 години. Најавата на Кишида доаѓа во пресрет на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Токио, најавена за 15 и 16 декември, на која е предвидено проодлжување на разговорите за спорните острови.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе исто така изрази жалење поради потегот на Москва.

Четирите острови се нераскинлив дел од нашата земја… преку дипломатски канали ние укажавме дека распоредувањето руски ракетни системи се случи без наша согласност и изразивме желење поради тоа, истакна Абе.

Јапонскиот премиер во подобрувањето на односите со Русија гледа како на противтежа на економскиот подем на Кина, па се надева дека заедничкиот економски интерес ќе помогне и во руско-јапонските преговори околу спорните острови.

Најчитани вести