Јапонија: Рекорден минус во трговскиот дефицит поради Фукушима

Трговскиот дефицит на Јапонија минатата година достигна рекордни 112 милијарди долари, соопшти Министерството за финансии во Токио.

Трговскиот дефицит од 2013-та година, е највисок од 1979 година, од моментот кога се применува постоечкиот модел за пресметка на дефицитот, а само нивото од декември двојно е зголемено на годишно ниво.

Причина за таквиот дефицит е факт дека користа од евтиниот јен по извозно ориентирана економија е намалена поради поголемата потрошувачка на енергенсот покатастрофата во нуклеарната електрана Фукушима.

Извозот минатата година е зголемен за 9,5 отсто на 69,79 милијарди јени, што е прв раст во последните три години, но е поништен со растот на увозот од 15 отсто на рекордни 81,26 милијарди јени.

Увозот на фосилните горива порасна за да се надополни недостатокот во производството на струја по кризата од 2011-та година, која предизвика затворање на нуклеарните реактори, кои некогаш произведувале една третина од електрична енергија во земјата.