Свет

Јапонија воведува дополнителни санкции кон Русија

Јапонија воведува дополнителни санкции кон Русија

Јапонија денеска соопшти дека воведува дополнителни санкции кон Русија со цел да ги усогласи мерките со другите држави, пред се со САД.

Генералниот секретар на јапонската Влада Јошихиде Суга наведе дека санкциите вклучуваат забрана за одредени руски банки да издаваат обврзници во Јапонија и зајакната контрола за спречување на доставата на оружје за Русија.

Јапонија воведе санкции кон Русија по анексијата на Кримскиот Полуостров од страна на Москва во март, но тие не беа толку ригорозни како санкциите на Европската унија и на САД.

По најновите санкции рускиот претседател Владимир Путин најверојатно нема да ја посети Јапонија, како што беше предвидено. Путин во Токио треба да допатува во текот на месецот.