Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија. Потресот кој денеска ја потресе островската земја бил со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета, ниту е издадена тревога за цунами.

Силниот потрес се случил на длабочина од над 20 километри под морското дно крај главниот остров Хокаидо.