Јапонка во Василево. Сајака стана Виолета

Александар Василев од Василево, Струмица, живее во Јапонија веќе девет години. Работи како диџеј, а неодамна стапи во брак со јапонката Sayaka, сега веќе Василева, која работи во компанијата за козметика „Dr ci labo”.

Се запознале пред три години на плажа во Јапонија. Пред некое време правеа свадба во Јапонија, во меѓувреме им се роди синчето Кирил.

Деновиве тие престојуваат во Василево, родното место на Александар и направија уште една свадба. Овој пат по македонски терк.

За да може Сајака да се венча со Александар во македонска христијанска црква мораше претходно да се крсти, пишува емагазин.

Тоа го направи во најстариот струмичкки храм, Св. Кирил и Методиј, изграден во кон крајот на на 18 век.Свештеникот Горан Ѓоргиев и ѓаконот Стојан беа видно возбудени за крштевката.

„Оваа за нас е прво крштевање на Јапонка во нашата Епархија. Не знам дали порано во Струмица имало вакво крштевање, но за нас е прво“, вели Ѓоргиев.

За да ја прими христијанската вера, Сајака мораше да добие и христијанско македонско име.Нејзиното име на јапонски означува разновидност, цветност, па од понудените имиња со вакво значење, го избра името Виолета.

И Сајака беше многу возбудена и без проблем ги изврши сите потребни ритуали кои следа со чинот на крштевањето.

Извор: емагазин.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.