Јапонски експерти: Можни се нови силни земјотреси!

апонската метеоролошка агенција соопшти дека силниот земјотрес, чиј епицентар беше крај брегот на префектурата Фукушима, е последица на земјотресот со магнитуда од 9 степени според Рихтеровата скала, што во истиот регион предизвика моќно цунами во март 2011 година, пренесоа американскикте медиуми.

Агенцијата, која е одговорна и за следење на сеизмичката активност, предупреди дека во следните неколку дена на истото место може да се случи и друг силен земјотрес. Таа на локалните жители им препорача да бидат внимателни во текот на следната недела.

Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени, што се случи денеска, предизвика умерено цунами, што не предизвика значителни штети.

Ова е најсилниот земјотрес во североисточна Јапонија по потресот од 11 март 2011 година и од неговите вторични потреси, што беа регистрирани истиот ден.