ВИДЕО: Јаре хермафродит се роди во Хрватска

Јаре хермафродит се роди во Грачац, Хрватска. За него сопствениците не можат да кажат што е бидејќи има и машки и женски полов орган. Семејството Ловриќ е воодушевено, а дечињата веќе му дадоа име – Бамби!

Единствен проблем кој моментално го имаат е што не знаат во кој род да му се обраќаат.

-Го носевме покрај реката. Таму има многу цвеќиња. Уживаше, но децата речиси цело време го носеа во раце бидејќи е мало и не може многу да оди, вели мајката Кристина Ловриќ.

Професор доктор Јуре Гризељ од Ветеринарниот факултет рекол дека кај Бамби станува збор за реткото генетско нарушување хермафродизам.