Јариќ и Лима ќе делат 240 милиони долари

Адријана Лима и Марко Јариќ, иако се разделија пред една година, дури во јануари го поднесоа барањето за развод на бракот. Бракоразводната парница ќе биде завршена во јули, а парот одлучи поради ќерките Валентина (5) и Сиена (3) да се разделат разумно.

Поради тоа нема да има судење за поделба на имотот, туку според законите на државата Вајоминг, каде се води парницата, бидејќи парот таму се венча, нивното богатство ќе се дели на половина. А, тоа не е малку. Јариќ за време на својата кариера во НБА заработи 40 милиони долари, но неговата сметка се зголеми за четирипати поради приватни бизнис.

Успешан бизнисмен

Последната година, Јариќ и се посветил на гражеништвото, кое му носи добар приход, а има и бизниси во угостителството како во САД, така и во Србија. Тој соработува и во модниот бизнис, како и на интернет каде продава видео и фото материјал од познатите спортисти. Од друга страна и Лима одлично заработува, но помалку од поранешниот сопруг. Во текот на 2008 и 2009 година заработила 20 милиони долари, по тоа во просек по 7,5 милиони годишно. Тие ќе ја делат и вилата во Мајами вредна 10 милиони долари, станот во Њујорк од шест милиони долари, куќа во Беверли Хилс, која е проценета на два милиони долари, а тука е и јахтата која е купена 1,5 милиони.

adrijana-lima-marko-jaric-razvod-braka-brak-parnica-kuca-foto-profimedia-1426029905-624377

Развод поради неверство

Поранешниот брачен пар реши да се раздели минатата година. Како што се шпекулираше, Лима откри дека сопругот ја изнеаверил од манеконката Јована Швоњ, а американските медиуми објавија дека го фатила во неверство со комшиката. Марко се обидел да го заштите својот приватен живот, па во јавноста не се појави со ниедна девојка, додека Лима веќе шета со новото момче Џо, кој го претстави баш во моментот кога ги поднела документите за развод.

Марко и Адријана се запознаа во 2006 година, а се венчаа три години подоцна, во 2009 година на Денот на вљубените. По пет години тие решија да го прекинат бракот.

Имот

Вила во Мајами- 10 милиони долари
Стан во Њујорк- 6 милиони долари
Куќа во Беверли Хилс- 2 милиони долари
Јахта- 1,5 милион долари

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.