сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 10

Јаулески: СДСМ со ребалансот ќе го остави ФИНКИ без нова зграда

ва е лицемерно однесување од страна на Зоран Заев, Богоев, Туфегџиќ, Дескоска, кои ги изманипулираа студентите за свои лични цели. Маските им паднаа, а заедно со нив и сите лажни ветувања за подобро образование, рече претставникот на младината на ВМРО-ДПМНЕ.

Jovan Jauleski FInki

Последни вести

Со ребалансот на Буџетот СДСМ повторно им удира шлаканица на студентите, и овојпат на студентите кои студираат на ФИНКИ им кастри дури 75 милиони денари од парите наменети за изградба на новата зграда на факултетот, изјави во четвртокот Јован Јаулески, член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

„На овој начин постои опасност и можност од стопирање и блокада на градбата на оваа зграда, наменета за идните генерации студенти. Овој непромислен потег на СДС со ребалансот на Буџетот да скратат пари наменети за образованието, им нанесува директна штета на студентите, и идните генерации на студенти кои имаат планови да се образуваат на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство“, рече Јаулески.

Потсети дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за потребите на студентите и на идните генерации на ИТ инженери, со цел подобра стручност и поопширно изучување на информатичките науки го отвори Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

„Овој факултет набрзо веднаш постави врвни стандарди во образовниот циклус на студентите и важи за еден од поуспешните. Генерациите на дипломци кои веќе имаат дипломирано на ФИНКИ високо котираат на пазарот на трудот. ВМРО-ДПМНЕ преку своите проекти имаше намера да им ги пружи сите можности за беспрекорно студирање. Но, СДС во моментов наместо да пружа, тие кратат од парите наменети за студентите. Ова е лицемерно однесување од страна на Зоран Заев, Богоев, Туфегџиќ, Дескоска, кои ги изманипулираа студентите за свои лични цели. Маските им паднаа, а заедно со нив и сите лажни ветувања за подобро образование“, рече претставникот на младината на ВМРО-ДПМНЕ.

За споменатите, како што додаде Јаулески, поважни се скапите јадења, октоподи, морска храна, цвеќињата, додека пак реалните потреби на студентите како студентски домови, комотни услови за студирање и квалитетно образование им се далеку од приоритетите.

„Тие не водат никаква грижа за студентите, ниту пак им е гајле за образованието и потребите на студентите“, констатираше Јаулески.

Најчитани вести