Јавен повик за креативно решение за „Оброк За Сите“

Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Министерството за труд и социјална политика денеска објавија јавен повик за креирање иновативно решение за обезбедување храна за лица кои имаат потреба од заедницата и институциите, „Оброк За Сите“.

Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, го најави новиот проект и посочи дека се бара модел што ќе овозможи начин и системско одржливо решение како да се обезбеди оброк за лицата на кои им е потребана оваа услуга. Се бара решение за обезбедување храна од пазарните вишоци (производители на храна, угостители, дистрибутери, трговци…), нејзина ефикасна дистибуција и достава до пунктови каде што засегнатите лица имаат пристап.

Платформата треба да обезбеди ефикасно и рационално користење на ресурсите кои досега завршувале на отпад.
Исто така, целта е и да се воведе систем на признание за општествена одгворност и подигнување на свеста кај граѓаните.

Наградниот фонд за најуспешното решение изнесува 2 милиони денари, што всушност покрива 90 отсто од вкупните трошоци за реализација на моделот.

Апликантите своите проекти треба да ги достават до 21 мај, оваа година, а, како што  најави Деспотовски, до средината на следната година, веќе треба да имаме ефикасен модел „Оброк за сите“.

На настанот се обрати и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Сите заинтересирани може да аплицираат со свои решенија на www.fitr.mk/obrokzasite

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.