Jавна дискусија за уставните амандмани во Собранието

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи јавна дискусија за уставните амандмани.

Досега се одржаа неколку јавни расправи за нацрт-амандманите, чиј предлагач е Владата на Република Македонија.

Владата треба да вгради дел од забелешките изнесени на јавните расправи, пред тие повторно да бидат бидат вратени во  Собранието како предлог-амандамни на Уставот.

За секој предлог – амандман Собранието на седница треба да гласа поединечно со двотретинско мнозинство.

Процедурата за носење на уставните измени се очекува да заврши до средината на октомври.

Дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, прецизирање на фискалните правила во рамките на буџетот и тоа за буџетскиот дефицит и јавниот долг, промена на називот на Народната банка на Република Македонија, воведување на институтот Уставна жалба, промена на составот на Судскиот совет, промена на надлежноста за одлучување по жалба на одлуките на Судскиот совет за избор на судии, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на судија или на претседател на суд и воведување надлежност за одлучување по жалба на одлуките на Советот на јавни обвинители за избор на јавни обвинители, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на јавен обвинител од страна на Уставниот суд, создавање на Уставна можност за формирање на финансиска зона, пристапување кон измени на Уставот, со цел дефинирање на Државниот завод за ревизија како уставна категорија, се предлозите за уставни измени.

Последните измени на Уставот беа донесени на 12 април 2011 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.