Јавна дискусија за законски измени за можноста за добивање дете со помош на сурогат мајка

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска, со почеток во 12 часот, ќе присуствува на јавна дискусија на тема „Концепт за изменување и дополнување на Законот за биомедицински потпомогнато оплодување заради воведување на можноста за добивање  дете со помош на сурогат мајка“.

Целта на јавната дискусија е да се отвори дебата на оваа тема во која ќе учествуваат стручни лица, експерти, организации  истакнати во областа, кои со своите коментари и предлози ќе дадат квалитативен придонес кон изготвувањето на измените и дополнувањата на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување заради создавање  законски можности за добивање  дете со помош на сурогат мајка.