понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 43

Јавна кампања на ДИК за регулирање на избирачкото право

Државната изборна комисија (ДИК) ги интензивира активностите со кои ги повикува да се пријават во нејзините канцеларии или на веб-страницата граѓаните на кои не им се совпаѓаа податоците при проверките за прочистување на Избирачкиот список. До 19 август граѓаните можат да се пријават до ДИК.

dik-1

Поврзани вести

Државната изборна комисија (ДИК) ги интензивира активностите со кои ги повикува да се пријават во нејзините канцеларии или на веб-страницата граѓаните на кои не им се совпаѓаа податоците при проверките за прочистување на Избирачкиот список. До 19 август граѓаните можат да се пријават до ДИК.

Комисијата вчера ја објави јавната кампања со која ги повикува граѓаните да се пријават за да го регулираат своето избирачко право.

До вчера до ДИК од 39.502 спорни се пријавиле само 1.224 граѓани. Од нив 387 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 837 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на Комисијата.

Според објавената табела, најголем дел од пријавите се од жители од општина Чаир  – 255, следат општина Аеродром – 90, општина Центар – 83, општина Тетово – 78 и 64 пријави од граѓани од општина Гостивар.

Се очекува ДИК денеска да извести дали покрај имињата на лицата, ќе биде наведена и причината зошто тие се со спорни записи.

Претставниците на четирите политички партии во разговорите за прочистувањето на Избирачкиот список, како едно од решенијата за излез од политичката криза, го договорија објавувањето на бројот на спорни записи.

За вкупно 39.502 лица се појавија несовпаѓања на податоците при вкрстените проверки за проичистување на Избирачкиот список. Доколку во предвидениот рок тие се пријават во ДИК и покажат валидни лични документи ќе бидат ставени во Избирачкиот список, во спротивно нема да може да гласаат на претстојните избори.

Најчитани вести