Јавна расправа за Предлог-законот за АД Водостопанство

Јавна расправа за Предлог-законот за АД Водостопанство денеска ќе се одржи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На јавната расправа на ќе присуствува министерот Михаил Цветков, а учество ќе земат и претставници од водостопанските организации, научните институции, водните заедници и земјоделските здруженија.

Според Предлог-законот, новото акционерско друштво во државна сопственост ќе се формира со цел успешно да се реализираат најавените инвестиции во водостопанството од 20 милиони евра годишно.

Главното седиштето на Водостопанство на Република Македонија ќе биде во Скопје, а постоечките 12 водостопански претпријатија ќе станат негови подружници.