Јавна реакција на Првата детска амбсада „Меѓаши“ во врска со настаните во едукативниот центар „Блета“

Првата детска амбсада „Меѓаши“ реагираше во понеелникот поттикната од бројните реакции во медиумите и на социјалните мрежи, во врска со сликите од децата кои го посетуваат едукативниот центар „Bleta” (Пчела) во скопската општина Чаир, објавени на фејсбук страницата, како вршат ритуални обичаи карактеристични за исламот,

„Имајќи предвид дека се работи за деца, огорчени сме од различните коментари по социјалните мрежи кои се основаат на предрасуди и стереотипи полни со гнев и омраза кон децата“, се вели во соопштението.

Според информациите кои неофицијално ги добиле во „Меѓаши“, станува збор за здружение на граѓани кое во рамките на своите активности има Едукативен центар за деца од предучилишна возраст „Bleta” и во чии рамки меѓудругото спроведува верски ритуали. Децата кои го посетуваат центарот се деца на родители кои практикуваат ислам. Родителите самоволно и по свое лично убедување ги праќаат децата во тој центар и имаат сознание дека тука освен друго се учат и основните верски одредби. Всушност тоа било и причината поради која тие ги запишале децата во таа „градинка”. Родителите знаат каде ги пуштаат децата, тие се дел од тоа здружение и сакаат децата покрај другото да ги научат и верските практики

Во реакцијата се посочува и дека Според член 14 од Конвенцијата за правата на детето – Слобода на мислење, совест и вероисповед:

1. Државите членки го почитуваат правото на детето за слобода на мислење, совест и вероисповед.

2. Државите членки ги почитуваат правата и должностите на родителите, и, ако е таков случајот, на законските старатели да го насочуваат детето во остварувањето на неговото право на начин кој е во согласност со развојот на неговите способности.

3. Слободата на манифестирањето на вероисповедта или на убедувањето може да потпаѓа само под оние ограничувања што се пропишани со закон и што се неопходни поради заштита на јавноста, сигурноста, редот, здравјето или моралот или основните права и слободи на другите.

Во членот 18 од Конвенцијата за правата на детето меѓудругото се вели дека за се што се презема за детето и во негов интерес, одговорноста ја имаат родителите.
член 18.

1. Државите членки ќе ги вложат сите напори за да се уважи принципот двајцата родители да имаат заедничка одговорност во подигањето и во развојот на детето. Родителите или, во зависност од случајот, законските старатели имаат главна одговорност за подигнувањето и за развојот на детето. Интересите на детето се нивна основна грижа.

2. Поради гарантирањето и унапредувањето на правата содржани во оваа Конвенција, државите членки на родителите и на законските старатели им пружаат соодветна помош при вршењето на должноста во воспитувањето на детето и обезбедувањето развој на институциите, објектите и службите за грижа на децата.

3. Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки за да обезбедат децата на вработените родители да ги користат услугите на детските установи и објекти.
Универзална декларација за човекови права донесена во 1948 година предвидува дека сите родители имаат право да го изберат образованието кое ќе го добијат нивните деца. Декларацијата за елиминација на сите форми на нетолеранција и дискриминација врз основа на религија или уверување од 1981 година во член 5 предвидува дека родителите или старателите на детето имаат право да го организираат семејниот живот во согласност со нивната религија или уверување имајќи го предвид морално воспитување/образование на детето во кое тие веруваат дека детето треба да биде воспитано.

Верското образование, верските обреди, крстења, првата причест и сите религиски теми се работа на семејството а не на државата. Децата кога ќе станат полнолетни сами ќе одлучат дали ќе продолжат да веруваат на ист начин, ќе одберат ли некоја друга вера или ќе бидат атеисти или агностици. Тоа спаѓа во приватната сфера а училиштата и градинките се јавни установи.
Детските градинки се јавни установи и сите кои работат во градинките мора да се придржуваат на позитивните прописи на Република Македонија со кои се гарантира заштитата на детските права и најдобриот интерес на детето и неговиот развој во духот на прифаќање, споделување, примање како и други вредности во духот на мултиконфесионализам.

„Во напредните демократски земји верските активности во воспитно-образовните институции, а меѓу нив и градинките, спаѓаат во корпусот на човековите слободи и основни човекови права.

И кога во Република Македонија би се вовеле вакви верски програми во градинките никако тоа не би требало да биде без согласност на родителите. Од друга страна кога би се донеле такви програми многу е важно и прашањето како тие ќе се спроведуваат. Да не се случи истото што и пред некоја година во основното образование кога веронауката доведе до верски поделби меѓу децата. Можеби затоа е добро да се користат искуствата од овие пракси во земјите кои се поблиску до нас, на пр. Хрватска каде се јавија многу проблеми во спроведувањето на верското воспитување во градинките. Многу од родителите тоа го сметаа за агресивна верска индоктринација и предлагаа посебни верски градинки за оние родители кои сакаат нивните деца да примаат верско образование.

На крајот, но не помалку важно, апелираме до пошироката јавност, родителите, старателите, да ги заштитат децата од секаков тип ширење етничка, верска, национална, расна и други типови омраза. Сметаме дека е неопходно државата да направи регистри за сите дневни и едукативни центри во рамките на граѓанските здруженија и да обебеди следење на програмите на истите“, се вели во реакцијата на „Меѓаши“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.