Јавна седница во Апелацискиот суд за пратеникот Василевски

Во Апелацискиот во 12,30 часот е закажана, по вчерашните, е закажана уште една јавна седница на која ќе се расправа по жалбата за продолжениот притвор на пратеникот Сашо Василевски.

Пратеникот е осомничен дека заедно со други пратеници ги отворил вратите во Собранието на 27-ми април, кога се случи упадот во Собранието и беа нападнати пратеници и новинари.

Вчера во судот се разгледуваа жалбите за продолжениот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, на поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски, како и за жалбите на Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и Душко Лазаров, началник за специјални операции во МВР.

Во текот на денот се очекува судот да објави дел од одлуките за жалбите.