Македонија,Економија

Јавниот долг да не може да биде поголем од 3 отсто од БДП

Јавниот долг да не може да биде поголем од 3 отсто од БДП

Буџетскиот дефицит да не може да поминува повеќе од 60 отсто од Бруто домашниот производ, е уставната измена која е предвидена во предлогот од вчерашната владина седница.

Во врска со оваа точка, во Уставот ќе се пропише максимумот на буџетскиот дефицит да не е поголем од отсто од БДП, а јавниот долг да не биде поголем од 60% од БДП.

Оваа измена ќе значи дека оваа или која било друга влада која во иднина ќе ја има Република Македонија, ќе биде обврзана со устав да не го зголемува буџетскиот дефицит и јавниот долг.

Со ова се потврдува заложбата на владата за строга и квалитетна фискална политика.

Премиерот Никола Груевски потенцираше дека измените се во насока на допрецизирање, подобрување на квалитетот, зголемување на независноста и целисходно функционирање на системот.