Македонија

Јавниот и приватниот сектор партнери во креирањето на услови за одржлив развој

Јавниот и приватниот сектор партнери во креирањето на услови за одржлив развој

Придржувањето кон принципите кои придонесуваат за општествено поодговорни компании и заедница, како почитувањето на човековите права, работничките права, грижата за животната средина и борбатапротивкорупцијата, се основен услов за развојот на компаниите и општиот економски и општествен развој на државата. Подигнување на свеста кај компаниите за поголема општествената одговорност и креирање на пракса за грижа за развојот на заедницата е главната тема на годишната конференција на европските мрежи на Глобалниот договор на Обединетите нации (ОН), што денеска се одржува во Скопје. Во насока на обезбедување на континуирани активности од страна на компаниите и институциите во доменот на општествената одговорности примената на принципите на Глобалниот договор на ОН, во рамките на конференцијата беше потпишан и Меморандум за соработка со Националниот совет за претприемништво и конкурентност, преку кој се зајакнува соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор.

За унапредување на примената на концептот на општествената одговорност за обезбедување на одржлив развој, неопходна е тесна соработка помеѓу приватниот сектор и институциите. За таа цел на конференцијата се обрати Заменик-претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

„Општествената одговорност е непишана обврска за сите нас, независно дали се работи за компанија, институција или невладина организација. Невозможен е долгорочен раст на една компанија, доколку заедницата во која делува назадува. Истото важи и за институциите и за системот воопшто. Владата на Република Македонија преку сите свои активности се залага за поттикнување на рамномерен развој кој ќе овозможи раст на компаниите, но и на заедницата. Со заеднички и координирани активности помеѓу приватниот и јавниот сектор ќе создадеме сериозни услови за долгорочен развој на сите чинители во општеството, а токму овој Меморандум е јасна потврда за нашите сериозни намери. Владата и во идниот период ќе продолжи да креира политики кои ќе поттикнуваат уште поголема примена на општествено одговорни практики на сите нивоа“, истакна Пешевски.

За најновите трендови од областа на општествената одговорност и искуствата од имплементацијата на принципите на Глобалниот договор, на конференцијата зборуваа и претставници на Цементарница Усје АД Скопје, ЕВН Македонија и други компании, како и претставниците на мрежите на Глобалниот договор од Шпанија, Бугарија, Грција и Турција.

„Глобалниот договор, кој веќе е прифатен од над 12.000 претставници од 800 компании од 145 земји и 4000 непрофитни организации, е еден вид на глобална синхронизирана акција која е колективен обид за подобрување на условите и поттикнување на развојот. Денес се соочуваме со низа предизвици кои упатуваат на фактот дека за посинхронизирана активност и видливи резултати неопходна е соработка и од највисоките државни институции. Иако се соочуваме со нови предизвици, целите на Глобалниот договор остануваат исти,тој да даде колективен одговор на потребите на заедницата, а истовремено да поттикне соодветно вклучување од сите засегнати страни“, изјави ВалидНаги, одговорен за локалните мрежи во седиштето на Глобалниот договор на ОН во Њујорк.

Македонската мрежа на Глобалниот договор која годинава прославува десет години од своето делување, преку своите активности придонесе за поголема примена на принципите предвидени во договорот, овозможи членките да бидат навреме информирани за сите актуелни трендови и активности на овој план и придонесе преку најразлични активности да се популаризираат принципите на Глобалниот договор и да се едуцира за значењето и потребата од нивната примена.

„Преку своите активности во изминатите десет години, Македонската мрежа придонесе за подигнување на свеста во бизнис заедницата и кај институциите дека сите подеднакво сме одговорни за примена на принципите на Глобалниот договор. Развојот на компаниите и развојот на заедницата се обврска на секој чинител и тој принцип ние се обидуваме да го прошириме, бидејќи само со заедничка и синхронизирана акција можеме да очекуваме долгорочен развој на сите сегменти од нашето живеење“, изјави Никица Кусиникова од Секретаријатот на Македонската мрежа на глобалниот договор – Здружението Конект.

Глобалниот договор на ОН беше активиран во Македонија во 2004 година од страна на УНДП. Денес Македонската мрежа на Глобалниот договор брои 50 компании, невладини организации и други членови. За понатамошен развој на оваа проблематика во Македонија, на иницијатива на Македонската мрежа на Глобалниот договор и со поддршка на УНДП беше воспоставено и Национално координативно тело за општествена одговорност и развиена националната агенда за општествена одговорност на компаниите за Република Македонија 2008-2012, што ја усвои Владата на Република Македонија.

Глобалниот договор на светско ниво е најголема доброволна иницијатива за општествена одговорност на компаниите со над 8700 членки од 130 земји во светот.Иницијативатапроизлезе од Обединетите нации и сетемелинадесеттепринципиштогиопфаќаатобластите: човековиправа, работнички права, животнасредина и борбапротивкорупцијата. Компаниите членки на Глобалниот договор ги прифаќаат овие принципи и ги применуваат во своето секојднево работење, за што редовно известуваат, а на тој начин стануваат движечка сила на глобалниот развој, преку конкретниот придонес за развој на локалната заедница во која делуваат.