Јавните претпријатија меѓу најголемите должници на УЈП

Речиси 200 милиони евра должат за неплатен данок над 3.500 фирми и граѓани чии имиња Управата за јавни приходи денеска ги објави. Меѓу нив се најдоа и ексклузивни ресторани, градежни претпријатија, адвокати, продукциски куќи, но и обични граѓани.
Ако се погледне листата на должници може да се забележи дека во првата десеторка должници се наоѓаат и фирми Јавни Претпријатија. Македонија Пат и Македонски шуми се на 5- то односно 6 –то место на ова листа. На 18 то место е ЈП Македонска радио телевизија, пишува Фактор.

На листата на должници сепак предничат претпријатијата – вкупно 2.608 правни лица должат 180,7 милиони евра данок. Меѓу дваесетте најголеми должници се и три јавни претпријатија – „Македонски шуми“, „Македонија пат“ и „Македонската радио телевизија“ заедно должат данок од над 12,7 милиони евра.

Целата листа ја има на следниот ЛИНК, на сајтот на УЈП.