Јавно мислење: Граѓаните повеќе му веруваат на ВМРО ДПМНЕ, отколку на СДСМ

Поголем дел од граѓаните повеќе им веруваат на ВМРО ДПМНЕ и нивните  политики, отколку на опозицискиот Социјалдемократски сојуз, откриваат резултатите од анкетата на Институтот Павел Шатев.

Истражувањето покажува дека 38,9 отсто од граѓаните сметаат дека владејачката партија има поквалитетно и поспособно раководство, додека за СДСМ такво мислење имаат 21,6 отсто. Без став во однос на ова биле 39,6 отсто од испитаниците.

На прашањето која политичка партија има подобра економска програма 39,3 отсто се одлучиле 39,3 отсто, за СДСМ 19,2 отсто. 

Најголем дел од испитаниците (41,1 отсто) веруваат дека владејачката партија ги исполнува своите ветувања, додека мнозинството (59,3 отсто) пак сметаат дека СДСМ нема да ги исполни своите ветувања доколку дојде на власт.

Високи 59,6 отсто сметаат дека економските мерки предложени од СДСМ се нереални и во насока на предизборна кампања.

Според анкетата, граѓаните повеќе ги поддржуваат позициите на ВМРО ДПМНЕ во односно на името, националните прашања, како и за борбата против корупција и криминалот.