Македонија

Јавно обвинителство: Притвор за четири лица поранешни припадници на ИСИС, по три се трага

Утрово во акција се уапсени три лица од Скопје и едно од Тетово поранешни припадници на ИСИС, а три лица се недостапни на органите на прогонот.

Надлежниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи до судијата на предходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје предложи на осомничените да им се определи мерка притвор.